Објавен е конкурсот за наградата за најдобар млад преведувач „ВАВИЛОН“
Thread poster: Irena Kacarski-Kimova

Irena Kacarski-Kimova  Identity Verified
Macedonia (FYROM)
Local time: 10:38
Member (2006)
English to Macedonian
+ ...
Dec 3, 2013

Вчера беше објавен Конкурсот за наградата за најдобар млад преведувач „ВАВИЛОН“ што првпат оваа година го објави Делегацијата на ЕУ во РМ заедно со Здружението на преведувачи на РМ.

Целта на Конкурсот за најдобар млад преведувач е да ги поттикне и да ги поддржи мл
... See more
Вчера беше објавен Конкурсот за наградата за најдобар млад преведувач „ВАВИЛОН“ што првпат оваа година го објави Делегацијата на ЕУ во РМ заедно со Здружението на преведувачи на РМ.

Целта на Конкурсот за најдобар млад преведувач е да ги поттикне и да ги поддржи младите преведувачи, како и да поттикне врвен квалитет при преведувањето литературни дела од европските јазици на јазиците што се зборуваат во земјава.

Конкурсот е отворен за млади преведувачи, не постари од 26 години, а пријавените текстови мора да бидат преводи на (извадоци од) литературни дела: роман, новела, расказ, или документарна проза, од кој било од 24-те службени јазици на Европската Унија на кој било јазик што се зборува во земјава.

КРАЕН РОК ЗА ПРИЕМ НА ПРИЈАВИТЕ: 2 април 2014 година.

Ќе бидат доделени награди за секој од јазиците на кои ќе пристигнат пријави. Наградите ќе се состојат од: 500 евра парична награда, годишно членство во Здружението на преведувачи ЗПРМ и објавување на преводот, во целост или делумно, во списанието Културен живот.

Информативната сесија и практичната работилница за потенцијалните учесници и млади преведувачи ќе се одржат во ЕУ инфо центарот на 16 декември во 12 часот (адреса: Св. Кирил и Методиј 52Б, 1000 Скопје) .

Свеченото доделување на наградите ќе се одржи на Европскиот ден на јазиците 2014, 26 септември 2014 година

Критериуми и пријава на македонски: http://eeas.europa.eu/delegations/the_former_yugoslav_republic_of_macedonia/press_corner/all_news/news/2013/20131202_babylon_mk.htm

Критериуми и пријава на англиски: http://eeas.europa.eu/delegations/the_former_yugoslav_republic_of_macedonia/press_corner/all_news/news/2013/20131202_babylon_en.htm

Критериуми и пријава на албански: http://eeas.europa.eu/delegations/the_former_yugoslav_republic_of_macedonia/press_corner/all_news/news/2013/20131202_babylon_sq.htm

Огласите се објавени и на www.mata.mk .
Collapse


 


To report site rules violations or get help, contact a site moderator:

Moderator(s) of this forum
Milena Chkripeska[Call to this topic]

You can also contact site staff by submitting a support request »

Објавен е конкурсот за наградата за најдобар млад преведувач „ВАВИЛОН“

Advanced search






CafeTran Espresso
You've never met a CAT tool this clever!

Translate faster & easier, using a sophisticated CAT tool built by a translator / developer. Accept jobs from clients who use SDL Trados, MemoQ, Wordfast & major CAT tools. Download and start using CafeTran Espresso -- for free

More info »
SDL Trados Business Manager Lite
Create customer quotes and invoices from within SDL Trados Studio

SDL Trados Business Manager Lite helps to simplify and speed up some of the daily tasks, such as invoicing and reporting, associated with running your freelance translation business.

More info »



Forums
  • All of ProZ.com
  • Term search
  • Jobs
  • Forums
  • Multiple search